Се реализира уште едно дадено ветување – рехабилитација на патниот правец Градско-Росоман-Дреново

По посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прилепскиот регион каде од страна на граѓаните беше побарано да се рехабилитира патниот правец Градско-Росоман-Дреново, од завчера градежната оператива на Македонија пат е на терен и се врши рехабилитација на овој оштетен патен правец.

Станува збор за потег од 12 километри кој целосно ќе биде рехабилитиран со нов слој на асфалт за што ќе бидат инвестирани 70 милиони денари и се очекува истиот да биде завршен до крајот на годинава.

Рехабилитацијата на овој патен правец беше договорена помеѓу Груевски и министерот Владо Мисајловски при последната посета на Прилеп каде покрај финансиски средства во висина од 150 милиони денари за рехабилитација на неколку патни правци, вклучително и овој патен правец, беа договорени и 150 нови вработувања во Македонија Пат за нормално функционирање на претпријатието согласно зголемениот обем на градежни активности кои се случуваат на повеќе патни правци.

Вчера имавме координативен состанок да видиме, да се распише оглас за нови околу 150 вработувања. Фалат машинисти. Ќе ја зголемиме и програмата на Македонија пат. Многу се заминати со пензионирање, а не се обновени. Ни требаат луѓе бидејќи многу се гради, а паралелно и да се одржуваат сите патишта. Ни требаат и плус луѓе, по пат се чисти зеленилото, грмушките. Зборувавме и со директорот, тоа го чекаат од нас и мислам дека ќе почнеме брзо, рече Мисајловски.

Граѓаните задоволни од брзото исполнување на даденото ветување, истакнуваат дека со рехабилитацијата на патниот правец значително се подобруваат условите за возење и се решава проблем на граѓаните од овој регион.

Граѓаните истакнуваат дека дополнително за целиот регион од огромно значење ќе биде и изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп кој ќе значи дополнително заживување на целиот регион.

Покрај овој патен правец вчера започна и асфалтирањето на регионалниот патен правец Обршани- Боротино кој истотака се реализира на барање на граѓаните и за истиот се инвестираат половина милион евра. Станува збор за патен правец во должина од околу 4 километри и се очекува патот да биде завршен до крајот на овој месец.