
Реконструктивен зафат на површина од 3028 квадрати се одвива на неколку краци на улицата “Христо Татарчев” во населбата Кисела Вода. Нов асфалт добиваат кракот “2”, “8” и “10”.
Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности на овие сообраќајници кои иако се видно оштетени, не биле реконструирани повеќе од 20 години. За околу две седмици тие ќе бидат завршени, по што жителите на овој дел од општина Кисела Вода ќе имаат подобри услови за движење и побезбеден сообраќај.
И овој зафат е дел од големиот проект од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за асфалтирање на сите улици во општината, со приоритет на оние кои на реконструкција чекале по триесет и повеќе години. Досега, за овие две години се асфалтирани или поплочени со павер елементи повеќе од 45 км улици.