Во наредните два месеци сите 19 мостови во Градскиот парк ќе бидат реконструирани со донација на Халк банк.
Градоначалникот Петре Шилегов изјави дека ваква реконструкција на сите мостови одеднаш досега не била завршена.
– Ќе опфаќа целосна обнова на дрвениот дел односно местото каде што газат луѓето и ќе го замениме со понови и посовремени материјали, но и металната конструкција со нејзино обвовување и заштита од понатамошна корозија, рече Шилегов забалагодарувајќи и се Халк банк, како општествена одговорна компанија.