Се решава проблемот на над 2.000 лица за откочување на процесот за полагање на лиценци за негователи и воспитувачи во градинките

На владина седница помина- предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита на децата. На ред е собраниската процедура.

Со него, се откочува процесот за полагање за негователи и воспитувачи во градинките кој беше заглавен од октомври 2023 година.

Над 2.000 лица чекаат да се стекнат со ваква дозвола за работа во градинките.

Според ресорното министерство, причина за ваквиот хаосот е неажурноста и незаинтересираноста во изминатиот период. Не е водено грижа за пополнување на испразнетите места, па поради тоа има огромен недостаток од стручен и технички кадар во градинките.