Неофицијално газдата на Етно буре се самоубил поради неподмирени долгови

Мртов маж вчера попладнето бил пронајден зад ресторанот Имес, во близина на Кејот на Вардар во импровизиран објект, oбјави Курир.

Станува збор за 44 годишниот Мио М., кој според неофицијални информации е сопственик на ресторанот Етно буре кој се наоѓа во Лептокарија. Починатиот најверојатно извршил самоубиство, а на неговото тело е пронајдена рана од огнено оружје во пределот на градите.

Од МВР за Курир потврдуваат дека вчера попладнето е пронајдено починато машко лице.

Оттаму истакнуваат дека телото на починатиот е предадено на криминалистичка обдукција, по што ќе бидат познати детали.

Мио зад себе остави едно дете и сопруга и неофицијално се зборува дека веќе подолго време имал проблем со притисоци поради неподмирени долгови и проблеми со бизнисот.