Се самоуби млад ракометар

17-годишниот ракометар од тимот на руски „Дворец“, Герман Тихонов, се самоуби, откако скокна од зграда, пред да го прослави својот 18-ти роденден. За трагедијата раскажа неговиот тренер Давид Данелија.

„Сѐ се случи на 30 ноември. Претходно се чувме и тој беше добро расположен. Колку што знам тој беше дома и не беше пијан. Но, зошто потоа се упатил кон зградата, каде не му живеат пријатели, се качил на повисоките катови и го сторил тоа не знам.“, изјави тренерот.

Истражителите пронашле траги од Тихонов на балконот. Отфрлена е и верзијата за насилна смрт, откако биле прегледани видео снимките од безбедносните камери. Во влезот на зградата влегол сам.

Данелија изјави и дека младиот ракометар бил мирно и умно момче, без да има лоши навики. За кратко запрел со тренинзите, поради обврските на училиште, но веднаш му се вратил на ракометот.