Се самоуби осомничениот за бомбашките напади во Тексас

Мажот осомничен за серијата бомбашки напади во американската сојузна дражва Тексас се разнел самиот со активирање екплозивна направа во својот автомобил, јави во среадата AFP.

„Осомничениот е мртов“, изјави Брајан Манлеј, шеф на полицијата во тексашката престолнина Остин. Полицијата соопшти претходно дека работи на случај „престрелка во која учествувал полицаец“.

Две лица беа убиени во петте експлозии на пакет-бомби кои овој месец се случија во оваа американска држава. Американските власти објавија во вторникот дека се сомневаат оти пакетот-бомба што експлодира во складиште на „FedEx“ во Тексас е поврзано со низата експлозии на бомби во таа сојузна држава.

Претставник на локалната полиција соопшти дека пакетот, кој покрај експлозивната направа содржел и шајки и шрапнели, експлодирал нешто по полноќ по локално време.

Вчерашната беше петта експлозија на пакет-бомба во Тексас овој месец. Во претходните експлозии загинаа 39-годишен градежен работник и 17-годишен студент, а четири лица беа повредени. Пакетите не беа доставувани по пошта или преку приватни курири, туку во текот на ноќта биле оставени на куќниот праг на жртвите, за разлика од петтиот кој експлодираше во дистрибутивен центар.