Се самоуби телохранител на Ердоган, оставил писмо – го малтретирале шефовите

Полицаец од Дирекцијата за заштита на турскиот претседател вчера бил пронајден мртов во неговиот стан.

Случајот е карактеризиран како самоубиство откако била пронајдено писмо во кој се наведуваат причините зошто Мехмет Али Булут си го одзел животот:

„Сигурно е најдобро да го навредувате вашиот персонал, да му се заканувате, да го отпуштате од работа, да го понижувате и да се преправате дека се лажговци…Секој човек има своја гордост и не можев повеќе да ги трпам тие зборови“, навел Булут во писмото.

Жртвата потенцирала дека не сака неговиот претпоставен да му присуствува на погребот, освен еден началник на полицијата.