Се шири епидемијата од ебола во Западна Африка

Бруцелоза во Бугарија
Бруцелоза во Бугарија

Неконтролирано се шири епидемијата од заболување од ебола во западна Африка.

Според Светската здравствена организација, бројот на смртните случаи во Гвајана, Либерија и Сиера Леоне достигнал 350 лица од февруари досега. Ова е најсмртоносната епидемија на ебола откако вирусот првпат се појави во централниот дел на Африка.

Заболени од вирусот се регистрирани на повеќе од 60 места во трите држави. Најзагрозена со 39 случаи е Сиера Леоне, покажуваат податоците на СЗО.