Синоќа околу 22:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ѓ.(47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19:50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка“ во Прилеп, по претходно нарушени семејни односи.
Во службен разговор во полициска станица тој признал дека со бензин ја запалил ординацијата, при што изгорел инвентарот, а било оштетено и патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Д.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.