Се слушнале звуци од подоморницата, објавена морничава снимка – остануваат помалку од 24 часа!

Комбинираниот тим работи неуморно на пронаоѓање на исчезнатата подморница Титан, изјави денеска капетанот на крајбрежната стража Џејми Фредерик.

Пребарувањата во областа каде што беа идентификувани звуците во Атлантскиот Океан во вторникот „враќаа негативни резултати“, рече тој, додавајќи дека екипите сè уште се обидуваат да лоцираат што ги предизвикало ударите во средата.

https://twitter.com/Nerdy_Addict/status/1671526940665102342?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1671526940665102342%7Ctwgr%5E2096efdbe7338cd4144c820eace4ee786c9040aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fova-se-zvutsite-slushnati-od-podmornitsata-objavena-mornichava-snimka-ostanuvaat-pomalku-od-24-chasa%2F

– Добрата вест, што можам да ви кажам, е дека бараме во областа каде што се слушнале звуците и ќе продолжиме да го правиме тоа – рече тој и додаде дека податоците од канадскиот авион П-3 кој ја регистрирал бучавата беше проследен до експертите на американската морнарица за понатамошна истрага.анализа која ќе биде земена предвид во идните планови за пребарување.

Тој изјави дека има ограничени количини на храна и вода на подморницата Титан.

„Титан“ исчезна со пет лица набргу откако почна да се спушта во неделата, на 18 јуни, кон остатоците од „Титаник“, британскиот океански брод што потона во 1912 година откако удри во санта мраз.