
Ја слушаме Шеќеринска како вели дека од држава без перспектива, направиле држава со надеж. Таква држава имале во изминатите години, откако оваа Влада е на власт. Ова било држава и без перспектива и без надеж. И најважно од се било тоа што сега никој не се плаши. Ќе продолжеле така или државата ќе била изолирана. Граѓаните ќе избирале повеќе плати и пензии или ќе ја доделеле власта на некои фамилии. Биле потребни уште подобри резултати и затоа ќе барале уште повеќе и од градоначалниците и од општините. Само така ќе биделе на прав пат, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на Фејсбук.
-Перспектива со најнеуспешниот политичар во историјата на Република Македонија е “приказна која не поминува ни кај малите деца”. Надеж можеби има, но само кај оние неколкумина од криминално-рекетарската банда на Заев и Шеќеринска, и тоа лажна надеж дека “ќе се спасат”!, пишува Јанушев.
Тој додава дека изолираноста на државата како алатка за “плашење” можеби “поминуваше” пред некоја година, во некои други времиња, денес … денес продолжете само со прогон на новинари, наместо да ги гоните криминалците.
-“Аман” немојте да барате повеќе од градоначалниците – најдобриот од нив нема повеќе од 5% рејтинг, на тоа требаше да мислите кога ги кандидиравте и кога правевте избирен инженеринг, нели?!? И нормално дека веќе никој нема да се плаши, нема од што да се плаши затоа што сите знаат дека сте готови! И за крај, се согласувам дека сте “на прав пат” конечно да ги завршите политичките кариери!, напиша Јанушев.