![Screenshot_1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/Screenshot_1-6.jpg?resize=696%2C396&ssl=1)
СДСМ пропушти уште една прилика да кажам барем што виделе спорно во предлог Декларација која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, реагира Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ треба да каже дали за нив е спорно во училиштата да се спроведат активности со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Гоце Делчев, или тоа што се повикува Институтот за национална историја и МАНУ да организираат научни собири или, пак, повикот до медиумите со пригодни содржини да го одбележат јубилејот од 150 години од раѓањето на Гоце Делчев? Ниту еден аспект од Декларацијата не е спорен и има цел да ги обедини сите чинители во општеството околу значењето на ликот и делото на Делчев во револуционерната борба за македонска државност“, истакна Василевска.
Пратничката истакна дека, за жал, не само што не е постигнато единство, туку дека напротив, со изјавите кои доаѓаат од страна на СДСМ споменатата Декларација да биде повлечена, се прави поделба меѓу граѓините и го дели народот по оваа тема.
„Тоа отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски преговара за Гоце Делчев, а со тоа и за целокупната револуционерна борба за македонска државност“, рече Василевска
Ги повикува СДСМ да се „вразумат и сериозно“ да ја прочитаат Декларацијата.
„Вакви брзоплети реакции имаа и за Резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во јули минатата година, но потоа ја прифатија и на тој начин се создаде национално единство и црвени линии. Очекуваме и сега тоа да се случи, бидејќи ликот и делото на Делчев се подеднакво рамниште како и идентитетските прашања“, заклучи Василевска