Се спроведуваат безбедносни проверки на Илон Маск и неговата компанија „SpaceX“

Илон Маск и неговата вселенскa компанија „SpaceX“ се соочуваат со најмалку три федерални истраги за тоа дали ги следеле федералните правила за известување насочени кон заштита на националната безбедност, објави ведсникот The New York Times во вторникот.

Истрагата е насочена јасно против Маск кој во кампањата го поддржуваше избраниот републикански претседател Доналд Трамп кој го номинара на функција од која ќе ја проверува ефикансноста на администрацијата кога на 20-ти јануари ќе ја преземе Белата куќа.

Покрај тоа, сателитската мрежа Starlink на компанијата „SpaceX“ е од клучно значење за украинската армија во војната против Русија, преку која одржуваат и врски и ги добиваат важните координати што им ги испраќаат сојузниците предводени од САД и сегашната администрација во заминување на претседателот Џо Бајден.

Воздухопловните сили, генералниот инспектор на Министерството за одбрана и потсекретарот за разузнавање и безбедност покренаа истрага, објави NYT, цитирајќи осум лица наводно запознаени со компанијата и внатрешните документи.

„Илон Маск и неговата ракетна компанија SpaceX постојано не ги почитуваа федералните протоколи за известување насочени кон заштита на државните тајни, вклучително и со тоа што не дадоа детали за неговите состаноци со странски челници“, пишува NYT.

Весникот објави дека воздухопловните сили неодамна ги навеле потенцијалните безбедносни ризици како причина поради која му ускратиле на Маск безбедносен пристап на највисоко ниво и дека сојузниците, вклучително и Израел а кој и покај тоа во февруари годинава му овозможи работење на Starlink на сопствена територија и за една болница во Рафа во Газа, изразиле загриженост дека тој може да сподели чувствителни информации.

Двајца демократски американски сенатори, Џин Шахин и Џек Рид, во писмо во ноември рекоа дека Пентагон и агенциите за спроведување на законот треба да ги истражат снимките од разговорите на Илон Маск со руски официјални лица, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, врз основа на националната безбедност.

Секретарот за воздухопловните сили Френк Кендал минатата седмица му одговори на Шахин дека ја дели таа загриженост, но не можеше да коментира за статусот на безбедносната проверка на лицето.