Најмалку 10 градежни работници загинаа кога се сруши шестокатница која ја правеа на периферијата на Бангкок, главниот град на Тајланд, јави денеска агенцијата Асошиетед прес.
Под рушевините се наоѓаат уште работници, а за најмалку четворица се стравува дека се мртви.Според наводите на полицијата, кај градбата за време на инцидентот имало 30-40 работници.
Властите стравуваат дека најмалку уште четворица затрупани работници се мртви.
Поради овој инцидент уапесни се четири лица, вклучувајќи и иниженери кои работат на објектот. Сите ќе се соочат со обвиненија за кривични дела.