Францускиот борбен авион „мираж“ се сруши денеска во ненаселена област во текот на обука, а двата пилота безбедно катапултирале, соопштија француските воздухопловни сили.
Причината за падот се уште не е позната.
Уште еден ваков авион се сруши на 12 мај исто така при ваква вежба, на североистокот на Франција. И тогаш пилотот успешно се катапултираше.