![meksiko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/meksiko.jpg?resize=286%2C176&ssl=1)
Најмалку 7 лица загинаа а околу 15 се повредени откако трговски центар при изградба се срушил во мексиканскиот град Монтереј.
Две лица се извлечени живи под рушевините, а најмалку 10 лица се водат како исчезнати. Ангажирани се 150 спасувачи да трагаат по исчезнатите.
Работите на објектот биле изведувани без неопходните дозволи, велат официјални лица кои го испитуваат овој случај.