Навивачите на Феенорд се познати по хулиганизмот, а пред две години уапсени беа 23 лица поради нереди во Рим пред гостувањето кај Рома. Сега и во Украина направија проблеми.
Навивачите на Шахтјор и Феенорд имаа поблиска средба во бар во центарот на украинскиот град Харков, пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите, а полицијата потврди дека уапсени се 52 лица.
Украинските медиуми наведуваат дека домашните фанови ги нападнале Холанѓаните, а во општата тепачка потполно е демолиран барот. Се наведува дека сериозно повредени, а поголемиот број од уапсените се Холанѓани.
Фановите на Феенорд се познати по хулиганизмот, а пред две години во Рим беа уапсени 23 лица поради нередите во Рим пред гостувањето кај Рома.
Шахтјор и Феенорд играат вечерва од 20:45.