
Во кругот на Центарот за бездомници Чичино Село, село Грчец вчера 19:45 часот бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу лицата Ф.И. (62), Р.Р., Ф.Р. (34), Ф.Ш. (29) и едно 17 годишно лице сите од една страна и З.С. (58) од другата страна, сите од Скопје со привремен престој во Чичино Село.
Лицата прво си нанеле неколку меѓусебни удари по што З.С. со спреј-солзавец ги испрскал по лицето и очите. По преземени мерки сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.