Во вторникот во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просториите на Управни служби на МВР, во зграда на МРТВ, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Е.М. на 40 и Ш.М.Р. на 38 години, двајцата од Мојанци, скопско, од една страна и 54-годишниот С.К. од скопски Љубин, од друга страна, сите странки во службите.
Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.