![traktor-soobrakajka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/traktor-soobrakajka.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево од 11:25 часот беше во прекин во двата правца поради сообраќајна несреќа.
Од МВР потврдуваат дека имаат пријава за сообраќајка на патот Делчево – Пехчево.
-Во несреќата учествувале товарно моторно возило и трактор. Возачот на тракторот со повреди е пренесен во болница, ова се првичните информации ги соопштија од полицијата за несреќата.
Патниот правец сега е пуштен за сообраќај.