
Демонстрантите кои протестираат против трагедијата во рудникот во градот Сома и турската полиција се судрија во Измир.
Околу 20 илјади лица протестираа на демонстрациите, меѓу кои работници, членови на синдикати и претставници на различни граѓански здруженија, кои се отповикаа на повикот на синдикатите за еднодневен штрајк во знак на протест поради смртта на 282-та рудари.
„Владата да поднесе оставка“ и „Ќе биде побарана одговорност за Сома“ извикуваа учесниците во демонстрациите, пред нивниот протестен марш да биде попречен од полицијата.