(ВИДЕО) Се судрија хеликоптер и хидроавион кај Москва, меѓу жртвите и деца

Се судрија хеликоптер и хидроавион кај Москва, меѓу жртвите и деца
Се судрија хеликоптер и хидроавион кај Москва, меѓу жртвите и деца

Хеликоптер и хидроавион се судрија над вештачкото езеро Истра во близината на Москва, по што остатоците на двете летала завршиле во езерските води.

Како што јави ТАСС, спасувачките екипи на руското Министерство за вонредни состојби досега од водите на Истра извадиле тела на три загинати лица – на едан маж, и деца на возраст од осум и 14 години.

Во двете летала во моментот на несреќата имало вкупно девет лица и се претпостаува дека сите се загинати
Во двете летала во моментот на несреќата имало вкупно девет лица и се претпостаува дека сите се загинати

Во двете летала во моментот на несреќата имало вкупно девет лица и се претпостаува дека сите се загинати. Потрагата по останатите патници во леталата продолжува.

Судирот на хеликоптер и хидроавион се случил на височина од 500 метри, а нивните остатоци се лоцирани на дното од езерто на длабочина од 13 метри, на меѓусебно растојание од пет метри.

Причините за судирот засега не се познати, а властите покренаа кривична постапка поради „кршење на правилата за безбедност на воздушниот сообраќај што довело да смрт на повеќе лица“.