Училиштето за кое деновиве се крена гоелма фама и се распукаа ДУИ и СДСМ, иако лидерот на социјалдемократите утрово се прмисли и кажа дека одлуката е во согласност со Законот за основно образование, ОУ „Рајко Жинзифов“, односно „Исамил Ќемали“ во Чаир и баш не е многу фалење. Од она што е објавено на Фејсбук училиштето е во катастрофлана состојба.
„Основното училиште „Исмаил Ќемали” во Чаир, едно од училиштата за кое партијата на музите и партијата на Груби се фали дека после долгогодишен труд го променила името. Ваква е состојбата во албанските училишта кога образованието е во рацете на ДУИ. Како би барале гласови од родителите на децата кои ги принудувате и понижувате да учат во оваа бедотија?“, напиша на Фејсбук Аријанит Џафери.