Ноќта кон четвртокот во 1м30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено малолетно женско лице со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода.
Од полициски службеници од СВР Скопје бил извршен разговор со мајката на малолетничката, 34-годишната И.Ч.К. од Скопје, која изјавила дека на улицата „Кримска“ нејзината ќерка како пешак била удрена од возило кое го напуштило местото на незгодата, информираат МВР.
Се работи на расчистување на случајот.