Се удави момче во водите на Брегалница во Истибања

На 11.09.2020 во 16,13 часот било пријавено дека кај мост во село Истибања – Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14- годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил.

На местото на настанот увид направила полициска екипа Полицската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21,30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт.

По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.