Се укинува сметкопотврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6000 денари, со што во голема мерка ќе се заштеди на време, хартија и на административни постапки, информираат од Владата.
На 166 седница на Владата утврден е текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со одлука да биде доставен на усвојување во Собранието на државата.
„Со предложениот закон се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари, и се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари, издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања.
Истовремено, предложениот закон има за цел да овозможи ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на НАТО.