
Извор близок на продукцијата за српски „Ало“ екслузивно открива дека по повеќе од десет години емитување, шоуто нема да постои. Новиот проект, според изворот, ќе биде во досега невиден формат и со ново име.
Во него ќе остане истата жири-комисија која во моментот суди во „Ѕвездите на Гранд“, но со ново засилување.
За оваа цел ќе се гради ново студио, а продукцијата се надева дека овој проект ќе ги помести границите.
Потврда пристигнала и од самиот Поповиќ, според кој никој во светот не видел вакво нешто, какво што тој подготвува.