Американски воен авион се урна утрово на југот од Германија, но пилотот успеал да се катапултира и се здобил само со полесни повреди, објави локалната полицијата.
Станува збор за американски борбен авион од типот „F-16“. Локацијата на којашто се урнало леталото е пошумена, па се испратени пожарникари да го изгасат пожарот предизвикан при несреќата.
За сега не е познато што би можело да биде причина за несреќата, а германската телевизија N24 пренесува дека наводно станува збор за застој на моторот.