![avion-alpi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/avion-alpi.jpg?resize=462%2C257&ssl=1)
Сите девет патници и членови на екипажот загинаа при вчерашното уривање на мал авион на островот Големи Бахами.
Во соопштението на бахамското Министерство за транспорт и авијација се наведува дека авионот „Лир 36 егзекјутив џет“ полетал од главниот град на Бахамите, Насау и се урнал околу 17 часот по локално време при слетувањето на меѓународниот аеродром Гран Бахами.
Се’ уште не е позната причината за несреќата.