Се урна авион со 148 патници во Франција

Авион од типот Ербас 320 на компанијата „Џерман вингс“ се урна денеска во јужниот дел од француските Алпи.

Во авионот се наоѓале 142 патника и шест членови на екипажот, јави француската телевизија И-теле.

Авионот летал на релација Барселона – Дизелдорф. „Џерман вингс“ е компанија – филијала на Луфтханза.

Причините за падот засега не се познати.