Се урна авион што требало да слета на скопскиот аеродром

Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром.

Од страна на Алфа екипа од СВР-Скопје примена е пријава од граѓани дека забележале пожар кај с.Ветерско. Кон авионот во пламен се упатени медицински и противпожарни екипи.

Од СВР Скопје упатени се служби на овие локации.

Како што дознава Курир, се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво.