Се урна седумкатница во Бразил, има жртви

Најмалку едно лица загина кога денеска се урна седумкатна станбена зграда во Форталеза, град во североисточен Бразил.

Спасувачките служби информираа дека досега три лица се пронајдени живи.

Засега не е познато колку лица имало во зградата во моментот на несреќата.

Зградата се наоѓа во центарот на градот, кој има 2,6 милиони жители.