Се урнаа два индиски борбени авиона, еден пилот загина

Два авиона на млазен погон на индиското воено воздухопловство се урнаа во саботата, а во несреќата загина еден пилот, соопштија војската.

„Два борбени авиони на индиското воено воздухопловство утрово се урнаа во близина на Гвалиор. Авионите извршуваа вообичаена борбена тренажно летачка мисија. Еден од тројцата пилот претрпе смртоносни повреди“, објави на Twitter портпаролот на индиската армија.

Притоа се прецизира дека во инцидентот загинал командантот на ескадрилата Ханумант Рао Сарати.

Наредено е покренување темелна истрага за утврдување на причината за несреќата, за што индискиот министер за одбрана Раџнат Синг контактирал со началникот на Генералштабот, генералот Анил Чуахан и со командантот на воздухопловните сили, Вивек Рама Чаудари.

Ловците на индиските воздухопловни сили од моделите рускиот „Сухој Су-30“ и францускиот „Mirage 2000“ се урнаа во саботата во индиската сојузна држава Мадја Прадеш, а според некои медиумски извештаи едното летало сепак се урнало во соседната сојузна држава Раџастан.

.Авионите полетале во воздухопловната база Гвалиор, во истата сојузна држава, каде што се одржувале вежби. Според изворите, во авионот „Су-30“ имало двајца пилоти, а во „Mirage 2000“ го управувал еден пилот. Но нема информации со кој авион управувал загинатиот пилот.