Се урнал мост на реката Радика поради зголемено ниво на водата

Надојдената вода во реката Радика урна мост кај Маврово и Ростуше.

АМСМ соопшти дека зголеменото ниво на реката на 16 декември го урнало мостот кој води кон селата

Поради зголемено ниво на Радика, урнат мостот што води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште, сите во Општина Маврово и Ростуше.

Во однос на сообраќајот на останатите државни патишта, од АМСМ, посочуваат дека тој се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.