Се’ уште нема договор за гасот помеѓу Русија и Украина

Разговорите помеѓу Украинската влада и руски „Газпром“ за можноста од избегнување на прекинот на испорака на рускиот гас за Украина најавен за во текот на денот, не довеле до решение. Разговорите се водеа во Киев, под посредништво на ЕУ, а спорот за цените на неколку часа пред истекот на крајниот рок што го постави Москва, остана нерешен.

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека на 16 јуни ќе ја прекине испораката на гас за Украина, ако Киев не го плати долгот од скоро 2 милијарди долари до 8 часот утринава. Киев вели дека ќе го плати долгот, ако Русија во наредните 18 месеци ја намали цената на гасот од 485,5 на 326 долари за илјада кубни метри.

Путин рече дека неговата последна понуда е 385 долари за илјада метри кубни. Прекинот на испораката на гас за Украина ќе доведе и до прекин на испораката на руски гас за ЕУ преку гасоводите што поминуваат низ Украина.