Се уште нема пациенти во модуларната болница, по Инфективна и ГОБ „8 Септември“ речиси без празни места

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска истакна дека во модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје сè уште не е примен пациент. Тој синоќа најави дека оваа болница се става во функција откако се пополнија сите слободни кревети на Инфективната Клиника.

Филипче и денеска повтори дека здравствениот персонал може да одговори на потребите со оглед на тоа и дека на помош се дојдени доктори и сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија, како и од Институтот за заболувања и туберкулоза.