Се воведува прогресивен данок од 8 отсто за примања над 90 илјади денари

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција во Владата најави дека државата ќе воведе прогресивен данок за примања поголеми од 90 илјади денари.

Даночната реформа ќе значи воведување на дополнителни 8 проценти за делот од доходот кој поминува 90 000 денари. Ова значи дека до 90 000 денари доход, данокот останува 10 проценти само на делот кој надминува 90 000 денари би се плаќале дополнителни 8 проценти.

Државата од воведувањето на прогресивен данок би добивала 25 милиони евра.

– Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценит за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илјади денари го избравма бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 процент од вкупното население – рече Тевдовски.