
Авантуристите Ивана Чолаковска и Мануел Торес, кој четири години патувааа низ светот со мотор, в сабота се враќаат во Скопје.
Овој брачен пар, го остварија својот сон и храбро му се препуштија на подвигот кој ги овековечи во уникатноста дури во светски рамки – да се заобиколи светот на мотор, без притоа да се преноќева во хотели.
Ивана и Мануел заедно поминаа пет континенти, многу држави, возејќи и низ региони малку познати за туристи со различни временски услови.
Авантурите од секоја земја, Ивана ги забележува на блог и фан страница на Фејсбук низ видеа и слики.
По милион километри пропатувани низ светот, в сабота ќе пристигнат во Скопје, а во чест на нивниот подвиг, тие ќе бидат дочекани на градскиот плоштад околу 14 часот. Тие ќе пристигнат во придружба со мото клубот „Вепар“, но и со претстваници на други мото и велосипедски клубови.
Исто така, на пречекот ќе присуствуваат и добитници на годинешната награда „Златна Бубамара, а ќе има и музичка забава во организација на „Бубамара“.
Ивана и Мануел на граница во Гевгелија би требало да пристигнат в сабота околу 10.30 часот.