2,5 милиони Американци добиле работа во мај по укинувањето на рестриктивните мерки поради коронавирусот.
Како резултат на тоа, стапката на невработеност падна на 13,3 проценти, според американскиот Завод за вработување.
Економистите, пак, очекувале дека невработеноста во мај ќе биде уште полоша отколку во април и март и ќе се искачи на скоро 20 проценти, пренесува Си-ен-ен.
Но постепеното отворање на економијата, всушност, довело до нови работни места.