Американските конгресмени планираат да ја забрана кинеската мобилна апликација TikTok на паметните телефони на функционерите, сметајќи ја за закана за националната безбедност, додека тоа веќе го сторија многу сојузни држави во САД, па оваа социјална мрежа се соочува и со опасност по воопшто нејзиното присуство во земјата.
По таквата одлука донесена во Сенатот минатата седмица, и долниот дом на американскиот Конгрес, односно Претставничкиот дом би можел уште оваа седмица да прифати текст со кој се забранува преземање и користење на TikTok на службените апарати на функционерите и вработените на сојузно ниво. Претходно речиси дваесет од 50-те сојузни држави веќе донесоа слични мерки за своите вработени и функционери.
„Ова не е прашање за демократите или за републиканците, туку е прашања на националната безбедност. Главниот проблем се состои во тоа што TikTok ѝ припаѓа на ‘ByteDance’ (компанијата сопственик), која и самата е под вистинска контрола на Комунистичката партија на Кина“, изјави претходно за CNN, републиканецот Мајк Галахер, член на Претставничкиот дом.
Ова прашање долго беше една од црвените линии само за републиканците, но по него последниот период се постигнува сѐ поширок консензус, па демократската претседателка на заминување на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси минатиот петок изјави дека за текстот ќе се гласа до крајот на оваа седмица.
Во друг законски предлог кој минатата седмица ги подготвија пратеници од двете партии, кусо и јасно се бара целосна забрана на TikTok во САД, што пред крајот на својот мандат во 2020 година, безуспешно се обидуваше да го стори претседателот Доналд Трамп.
Челниците на „ByteDance“ донесоа неколку мерки за да ги увери американските власти дека податоците на американските корисници на платформата TikTok се заштитени, во прв ред со нивно чување на серверите во САД. Сепак, признаа дека некои нејзини вработени во Кина имаат многу ограничен пристап до тие податоци.
„Комунистичката партија на Кина никогаш не барала до нас да ги споделуваме тие податоци“, редовно истакнуваат од TikTok, додавајќи дека на владејачката кинеска партија никогаш не ѝ пренесувале информации за американските корисници и „нема тоа да го сториме, доколку тоа биде барано од нас“.