Се заканил со нож и од девојка украл 50 евра

Дваесет и осумгодишниот И.Н. доби кривична пријава бидејќи украл 50 евра од дваесет и тригодишна девојка.

Тој во Куманово, на ул.„Киро Антески“,со закана со нож и физичка сила извршил разбојништво над Х.А.(23) од Куманово, при што и одзел 50 евра.