Се запали автобус на ЈСП

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) се запали кај Железничката станица во Скопје. Како што пренесе Сител, во моментот на несреќата во возилото немало патници, а според првичните информации пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана Противпожарна бригада.

Според информациите кои ги пренесе „360 степени“, договорот за каско осигурување на возилата на ЈСП е истечен. Последниот потпишан договор за каско осигурување на возилата на ЈСП е од крајот на јуни 2023 година. Потпишан е со ВИНЕР Виена Иншуренс Груп Скопје, со рок на важност од 1.7.2023 година во следните 12 месеци. Тоа значи дека на 1.7.2024 година овој Договор престанал да важи. А во меѓувреме, не е потпишан нов.