Се запали градски автобус во Кисела Вода, нема настрадани

Автобус на ЈСП се запали утринава на последната станица на автобуската линија 24 во скопската населба Кисела Вода. За среќа сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени лица.

Од Противпожарната единица велат дека се интервенира на теренот со три возила и осум пожарникари. Од Противпожарната единица на Град Скопје велат дека не е предизвикана голема материјална штета.

Од ЈСП објаснуваат дека станува збор за постар автобус на кој се му запалила инсталацијата. Веднаш кога избувнал пожарот интеревенирал возачот на автобусот, кој се обидел со апарат да го изгасне, но превентивно биле повикани и пожарникарите.