Се запали куќа во скопско поради неисправен бојлер

Утрово околу 02.30 часот во село Љубин, скопско, била опожарена куќата во која живеат браќата – С. Ш. и И.Ш.

Како што информира МВР, целосно опожарен бил вториот кат и кровната конструкција, а првиот спрат бил делумно опожарен.

Пожарот целосно е изгаснат во 04.45 часот. Се претпоставува дека причина за пожарот е заборавен вклучен неисправен болјер. Увид ќе се врши во текот на денот.