Се запали магацин кај старата фабрика „Комуна“

Утрово околу 04.55 е добиена пријава дека е настанат пожар кај старата во фабриката „Комуна“.

Од скопската пожарна за „Локално“ изјавија дека станува збор за магацински простор каде е запален пластичен материјал.

– Се работи за поголема количина на пластичен отпаден материјал каде се врши дробење и рециклирање на истиот. Интервенирано е со 9 возила и 20 пожарникари. Пожарот брзо е ставен под контрола, вели за „Локално“, командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

Во моментов на терен има дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот.