Вчерашниот утрински лет од скопскиот аеродром „Александар Велики“ за Белград, на српската компанија „Ер Србија“ беше откажан поради технички проблеми, велат од компанија, а патниците велат дека непосредно пред полетувањето се запалил еден од моторите на авионот, објави МКД.МК
Авионот требало да лета на редовната линија Скопје – Белград, ама поради дефект на моторот патници тесе префрлени за попладневниот лет, велат од компанијата.
Сепак, како што пишува мкд.мк, дел од патниците на социјалните мрежи со јавноста споделија една поинаква информација.
Тие велат дека непосредно пред полетувањето, кога авионот веќе бил на пистата пред полетување, десниот моторсе запалил. Сите патници веднаш биле евакуирани и се’ поминало без никакви посериозни последици.