Се затвора аеродромот „Скопје“ и сите гранични премини

Од среда попладне се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, одлучено е на вечерашната владина седница. Министерот за здравство кажа дека покрај аеродромот се затвораат и сите гранични премини.

„Аеродромот во Скопје се затвора за 48 часа од сега, освен за државни и медицински цели, како и за карго пратки. Граничните премини се затвораат од вечерва за влез на странски државјани, освен за товарни возила, дипломатски возила и други со специјална дозвола од Министерството за внатрешни работи“, кажа Филипче.

Во земјава до сега има регистрирано 23 лица заразени од коронавирус.