Сите пазари на мало и големо од сабота ќе бидат затворени, информираат од ЈПКД „Комуналец“ кое стопанисува со нив.
– Ги известуваме сите граѓани дека од сабота, 28 март, сите пазари за прехранбени и земјоделски производи на отворено, вклучително Кванташкиот и Сточниот пазар, се затвораат за работа. Се молат сите граѓани да ги следат наредбите на Владата и да го почитуваат полицискиот час, стои во информацијата на струмичкото комунално претријатие.
Пазарот во ГТЦ „Глобал“ е затворен откако беше објавена мерката на Владата за затворање на трговските центри и молови, а до утре ќе работат пазарите „Чешел“ и „Кантон“.