На последниот ревијален ден на деветтото издание на Моден викенд Скопје, љубителите на модата ги проследија колекциите на Роберт Ивановски, Александра Митковска, Лидија Георгиева и Росица Мршиќ вчера во салонот Порше Македонија во Скопје.
Шестиот ден го отвори дизајнерот Роберт Ивановски кој со моден перформанс прикажа
дел од колекцијата „Wounded“ за пролет/лето 2014 година. Инспириран од страдањето на
невините луѓе во војните Поповски ја намени колекцијата „за храбри и бунтовни луѓе кои
сакаат да се издвојат од толпата“.
Целокупната колекција за есен/зима ‘14/’15 од „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ беше
прикажана на видеобим во изложбениот салон на Порше Македонија.
Дизајнерката Лидија Георгиева ја престави својата најнова колекција „Допир“ која е во
релација со инспирацијата од нејзините колекции работени на самиот почеток на
нејзината кариера.